И Мерцедес “кикснале“ на краш тестот?

Според некои гласини, се чини дека и Мерцедес не го поминале краш тестот на ФИА откако истото се случило и со Ред Бул.

Се чини дека актуелните конструкторски шампиони пробале ектремно решение за нивниот дизајн на болидот кој не успеал да го помине краш тестот на ФИА и тимот решил да се врати на стариот план.

Претходно имаше тврдења дека и Ред Бул не го поминале краш тестот, но Адриан Њуи е сигурен дека проблемот ќе биде среден.

ФИА краш тестовите се дел од одобрувањето на Формула 1 болидите кои треба да се хомологираат пред новата сезона. Тимовите сеуште работат на финализирањето на дизајните и шефот на дизајн на Мерцедес, Џејмс Алисон, изјави дека ова е најголема промена на правилата до сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ