И Ферари незадоволни од благата казна за Ред Бул

И во Ферари не се среќни и задоволни од казната изречена на Ред Бул, а во врска со прекумерното трошење минатата сезона, така што италијанците сметаат дека негативниот ефект од казната ќе биде ограничен.

ФИА вчера откри дека Ред Бул прифатиле да потпишат Договор за прифаќање на вината согласно кој признаваат дека претерале со трошењето и добиваат казна од 7 милиони долари и 10% намалено време за развој следните 12 месеци.

Од Ферари подолго време бараа жестока казна за било каков прекршок на буџетот и ограничувањето сметаји дека е клучно да се заштити интегритетот на финансиската регулатива која се применува од скоро.

Во својата изјава за Sky Italia, спортскиот шеф на Ферари, Лорен Мекиес, ги пофали ФИА за транспарентноста и одлуката, но посочи дека негативниот ефект од казната ќе биде помал од придобивката која Ред Бул ја имале од прекумерното трошење.

многу се зборуваше во последно време за тоа што може да се направи со половина милион долари или со 2-3 милиони долари. два милиони е многу значителна сума и многу пати сме кажувале што тие пари може да донесат во однос на развојот.

ние во ферари сметаме дека толкав износ носи неколку десетинки по круг и само ако вистински се разберат тие бројки може да се сфати колкав удел имало тоа трошење на ред бул во нивните лански победи и титула – вели мекиес.

Французинот откри дека не смета оти ограничувањето на аеродинамички тестирање ќе надомести за тоа што Ред Бул го добиле од тоа што потрошиле повеќе од пропишаното, а посочи и дека тоа што ќе тестираат 10% помалку ќе може тие пари да ги вложат во друго.

во врска со казната, не сме задоволни и не сме среќни со истата поради две причини. прво е тоа што ние во ферари не разбираме како 10% намалување на аеродинамичкото тестирање може да кореспондира со истиот износ вложен во некој друг сегмент кој носи придобивки.

има и друг пробле затоа што не им е намален буџетот со казната, ефектот од намалените тестови ќе се почувствува на друго место. имаат целосна слбода да ги користат тие пари на друго место, симулации на компјутерот или намалување на тежината или којзнае што уште не.

нашата грижа е дека комбинација од тие два фактори значи дека вистинскиот ефект на казната ќе биде ограничен.

Сепак, Мекиес смета дека многу важно е Формула 1 да ја прифати казната и да продолжи во иднина без да се губи време на Ред Бул и нивниот лански буџет. Тој објасни дека се надева оти во иднина никој нема да го повтори тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ