Калвин Ло сериозно размислува да купи Ф1 екипа

Милијардерот Калвин Ло познат како огромен обожавател на Михаел Шумахер, се посериозно размислува да купи или основа своја Формула 1 екипа и на тој начин да помогне во растот на тркачката серија во Азија.

Бизнисменот од Хонг Конг подолго време има желба да има екипа во спортот, а со новите правила за моторите од 2026 година гледа можост да си ја оствари желбата. Веќе има разговарано со некои постоечки екипи со кои би можел да соработува.

Тој се навлекол на Формула 1 додек го гледал Шумахер во Ферари на почетокот на 2000-те години, веќе има соработка со Вилијамс, но тоа нем да му смета за да основа сопствена екипа. Ло сака Формула 1 да има поголема застапеност во Азија затоа што смета дека пазарот има огромен неискористен потенцијал.

Калвин смета дека недоволно талентирани луѓе добиваат шанса да се тркаат во Формула 1 поради малиот број на места на гридот, а со своја екипа сака да го промени тоа.

сериозно разговарам да освонам своја екипа. на формула 1 и требаат повеќе екипи затоа што во моторспортот има премногу талент, а малку можности. но, екипа бара многу, тоа е амбциозен проек, иако финансиски би сакал да бидам вклучен во тркачката серија – призна тој.

Ло призна дека составување нова екипа е огромен предизвик и посочи дека е подготвен за истиот со цел да ја промовира Азија.

сосавување буџет за формула 1 екипа е лесната работа, но оигурување дека проектот е одржлив е тешко, а во спротивно ќе биде срамно за сите вклучени. 

во овој дел од светот има толку многу потенцијал и сакам да ја вклучам азија во формула 1 екосистемот. ако сакаме глобален спорт, не смееме да го заборавиме овој дел од светот каде има трки, но не доволно.

би сакал да имам азиска екпа со седиште во Pearl River Delta, најбогатиот регион во кина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ