Милијардер од Хонг Конг сака да инвестира во Ф1 екипа

Калвин Ло, милијардерот од Хонг Конг, откри дека размислув да поддржи некоја нова екипа која бара начин да стане дел од Формула 1 гридот во иднина.

Лани се зборуваше дека тој самостојно сака да внесе екипа на гридот, но се поатрактивна му е опцијата да ги здружи силите со други екипи и потенцијални инвеститори. Крајниот рок за апликациите за заинтересираните страни е последниот ден од Април, а тоа ќе се поклопи со Азербејџанското Гранд При.

Главниот извршен директор на осигурителната компанија Ли Интернационал, Ло, веќе е вклучен во Вилијамс откако американците од Дорилтон Капитал ја превземаа трофејната екипа, но одбива да објасни на кој начин.

ќе кажам само дека сум вклучен преку инвестициската компанија како еден од инвеститорите во екипата. тоа е максимум што можам да кажам особено во ситуација во која сакам екипа на гридот од 2026 година – вели ло.

Reuters дознава дека тој одбил било какв соработка со Андрети Кадилак, но и со Хајтек, така што можеби очигледна цел за него е Пантера Тим Азија.

финансискиот дел, верувале или не, за мене не е најголем проблем. собирање на искусни инженери, механичари, склопување на тим во едно, тоа ми е најголемиот проблем.

во моментов ми се укажуваат некакви можности и разговараме многу сериозно со нколку екипи.

јас чекам, ги следам случувањата и информациите, ги анализирам финансиите за да се осигураме дека се ќе биде добро на долг рок.

Милијардерот откри дека една екипа со која е во преговори веќе поднела официјална апликацијс за место на гридот, додека друга е при крајот. Но, тој смета и дека спортот е претерано фокусиран кон Америка и дека сака повеќе да се насочи кон Азија.

мислам дека во азија има многу повеќе инвеститри кои сакаат да станат дел од спортот. јас имам среќа да знам дела од нив, но ретко кој гласно го искажува својот интерес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ