Камара е сигурен резервист на Ред Бул

По позитивниот тест на Серхио Перез и доаѓањето на Нико хулкенберг како резервист во Рејсинг Поинт, доктор Хелмут Марко е мирен во врска со “неговите“ екипи.

Мекларен реагираа на тој начин што го назначија Пол ди Рест за своја резерв откако согласно договорот со Мерцедес можеа да користат нивни пилоти, но Естебан Гутиерез нема супер лиценца, додека Стофел Вандорн вози за фабричкиот Формула Е екипа на Мерцедес.

Поради тоа и Тото Волф мака мачи да најде резерви за фабричката екипа доколку се случи нешто непредвидено со Хамилтон или со Ботас.

Резервните возачи на Ред Бул, Серџо Сете Камара и Себастиен Буеми исто така возат Формула Е во Берлин викендов, но Марко е смирен:

имаме приоритет на користење на услугите на серџо сете камара. ако ни треба возач за замена, тој ќе замине од формула е и веднаш ќе дојде кај нас во англија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ