Камилиери: Прерано е да размислуваме за Хамилтон

Главниот извршен директор на Ферари, Луис Камилиери смета дека состаноците на Луис Хамилтон со Претседателот Џон Елкан е непотребно преувеличен од страна на медиумите, но не пропушти да потенцира дека шесткратниот првак има интерес од трансфер во Маранело.

За време на последната трка во Абу Даби викендов медиумите открија дека Луис Хамилтон во два наврати се сретнал со шефот на Ферари, Џон Елкан, по што почнаа шпекулациите дека шесткратниот првак ќе го промени тимот штом истече неговиот договор следната година. Оваа шпекулаците шефот на Мерцедес, Тото Волф, ја окарактеризира како 25% точна.

Пред одбрани новинари во Маранело неделава, Луис Камилиери изјави дека состанокот на Хамилтон со Елкан бил јавен и не бил од професионална природа.

тоа беше социјален настан кој некако беше претеран од страна на медиумите. луис и елкан имаат заеднички пријатели – откри камилиери.

Запрашан да даде свој коментар за поврзувањето на Хамилтон и Ферари, Луис изјави дека возачот бил помеѓу заинтересираните за место во славниот тим од Маранело.

факт е дека имаме долгорочен договор со еден возач, а со другиот договорот ни истекнува на крајот на следната сезона. јасно е дека сме поласкани и ни годи тоа што тој сака да ни се приклучи, но би било незрело да решаваме уште сега.

Себастијан Фетел и Шарл Леклер повторно ќе ги возат црвените болиди следната година, младиот возач од Монако има долгогодишен договор, додека за искусниот германец 2020 година ќе биде последна согласно актуелниот.

Медиумите пренесуваат дека шефот на екипата, Матиа Биното заедно со Извршниот директор Луис Камилиери имаат последен збор кога се во прашање возачите, а вториот изјави дека сеуште немал никаков контакт со црномурестиот шесткратен првак.

Тој исто така не сакаше да каже колку Скудерија би биле флексибилни за активности надвор од Формула 1 кои вообичаено ги прави Хамилтон.

вакви прашања се целосно незрели затоа што сеуште е рано, а опциите ќе бидат разгледани кога за тоа ќе дојде време и тогаш ќе видиме што е најдобро за тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ