Капито ги најави алтернативите за Сарџент

Главниот извршен директор и тимски шеф на Вилијамс, Јост Капито, посочи на кои возачи екипата смета за следната сезона доколку нивната надеж, Логан Сарџент, не освои доволен број на поени на својата супер лиценца.

Во пресрет на Мексиканското Гранд При, тимот од Гроув потврди дека Сарџент е нивниот избор за партнер на Јост Капито во 2023 година доколку младиот американец ги собере потребниот број на поени на својата супер лиценца и со тоа добие дозвола за да се трка во најпрестижната тркачка серија. Обезбедувањето на потребните 40 поени треба да се случи на финалето во Формула 2 сезоната кое ќе биде во Абу Даби.

Доколку Сарџент не ја искотисти својата Формула 1 можност, Капито посочува дека било кој со супер лиценца и искуство може да биде опција за возач во Гроув.

ако не успееме со поените на супер лиценцата на сарџент, тогаш било кој со искуство и доволен број поени ќе биде опција за нас – изјави капито за Motorsport-Magazin.

Се шпекулира дека екипата може да му понуди можност на Мик Шумахер, откако шпекулациите дека американски Хаас сака да го замени младиот германец со неговиот постар сонародник, Нико Хулкенберг. Запрашан дали преговара со Мик, Капито одговори:

не е одлучени дали мик ќе остане во хаас или не и поради тоа не разговраме со него како можност за нас. ако не е можно, зошто да губиме време.

Доколку Логан собере доволен број на поени ќе стане првиот американец на Формула 1 гридот по 2015 година. Во моментов е на 3то место во својата прва Формула 2 сезона.

неговиот развој е импресивен. ако ги споредите неговите квалификациски резултати со оние на неговите колеги, секогаш е подобар од нив дури и кога колега му беше пиастри. тоа покажува колку е брз.

брз возач може да се направи да не греши и да биде издржлив, но некој кој е издржлив и не греши, но е бавен, тешко е да се забрза, невозможно е. исто како и болидот, сосема исто.

тој мора да научи, одлично се проби во јуниорските серии, имаше феноменална дебитантска формула 2 сезона, победи на трки и имаше супер квалификации. откако е со нас во академијата, има и формула 1 искуство и покажува дека може многу брзо да научи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ