Капито демантира дека е прерано за Сарџент

Тимскиот шеф и Главен извршен директор на Вилијамс, Јост Капито, изјави дека не е прерано за Логан Сарџент да биде промовиран во Формула 1. 

Младиот возач ќе се приклучи на тркачката серија од наредната година, секако, доколку добие доволно поени на суперлиценцата. 

Добро е Формула 1 да има американски возач. Не го избравме само затоа што е американец, туку поради неговиот успех во претходните серии.

Младите возачи треба да добијат место во Формула 1 и Затоа дојдовме до ваков заклучок. Добро е што Логан е американец, но тоа не беше пресудно за нас. 

Сарџент заврши на подиум четири пати оваа сезона во Формула 2 вклучувајќи и една победа на Силверстон. 

Јас сум познат бидејќи брзо се справувам со младите возачи за да се снајдат и да го искористиме потенцијалот. Тој дојде како почетник, но веќе имаше победи и има силни перформанси на квалификациите. 

Доколку не успеат да го донесат во тимот, Капито откри дека има “План Б“ за тимот. 

Има доста возачи без договор. Ќе најдеме некој со поени на суперлиценцата бидејќи има добри возачи меѓу нив. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ