Капито сигурен: Сарџент е вистинскиот избор

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, верува дека тимот го направил вистинскиот избор со носењето на Логан Сарџент како возач за следната сезона, американец од кој се очекува светла иднина. 

Сарџент го обезбеди местото во тимот за наредната година откако заврши на четврта позиција во Формула 2 шампионатот. Тој ќе биде еден од трите почетници на гридот покрај Оскар Пиастри и Ник де Врис. 

Видовме голем напредок и донесовме одлука доколку ги обезбеди поените на супер лиценцата да премина во Формула 1.

Тој ќе донесе младост во тимот и сигурни сме дека многу ќе учи. Мора да ги исполнува очекувањата бидејќи Формула 1 е многу сложена споредено со другите серии и мора да му дадеме простор да се развива.

Тој доста напредуваше оваа сезона. Нашата академија одлично си ја заврши работата и мислам дека со напредок ќе го чека светла иднина – сигурен е капито.

Сарџент ќе вози покрај Алекс Албон кој ја одработи својата втора сезона во Вилијамс. 

Мислам дека Логан ќе научи доста од Албон. Се надевам дека ќе бидат конкурентни и дека Логан ќе може да му парира на Алекс на квалификациите и можеби на трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ