Капито со поддршка за трансферот на Расел во Мерцедес

Главниот извршен директор на Вилијамс, Јост Капито, го поддржува Џорџ Расел и неговиот евентуален трансфер во Мерцедес велејќи дека младиот британец е подготвен да се бори за титула.

Како штитеник на Мерцедес, Расел веќе трета година вози за славниот тим од Гроув, но шпекулациите во падокот дека Ботас ќе биде заменет токму со него се се посилни. Но, без оглед на одлуката на шампионската екипа, Капито цеосно го поддржува возачот и се надева дека ќе вози за екипата од Бракли догодина и ќе покаже што знае.

посакувам џорџ да добие шанса во мерцедес затоа што сега е одлично време во неговата кариера за тоа и може целосно да издржи притисок од врвна екипа која се бори за насловот. никогаш не би задржал млад возач во некоја таква можност и поради тоа се надевам дека ќе ја добие.

од гледна точка на тимот, кој не би сакал да го задржи кај себе и ако оди во мерцедес и добие понуда, ние нема да му сметаме и целосно ќе го поддржим.

мораме да чекаме и да видиме што мерцедес ќе реши, но што и да реши со нас е во ред – вели капито.

Во врска со евентуалната замена за младиот Расел, Капито откри дека екипата веќе има своја листа која секој ден е се поголема.

мислам дека секој возач кој нема договор за следната година во моментов е опција за нас. се чини дека местото во нашата екипа е најпосакувано во моментов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ