Картингот на Шумахер престанува да работи

Картингот на семејството Шумахер во германскиот град Керпен, каде што Михаел и Ралф ги почнаа своите тркачки моторспорт кариери е пред затварање.

Картингот, кој е лоциран на 30 километри од градот Келн, согласно новиот урбанистички план се наоѓа на место каде од 2020 година, германскиот енергетски гигант RWE треба да отвори рудник за јаглен.

Нова картинг патека нема да има. Заедничката потрага со RWE не вроди со плод и не пронајдовме нова локација. Навистина штета. На патеката во исто време умират традицијата и успешната промоција на млади возачи – појасни Ралф Шумахер за германскиот весник Kolner Express.

66% од патеката е сеуште сопственот на Михаел, а Сабин Кем, менаџерката на Шуми и гласноговорник на семејството потврди дека Шумахерови се во тек со се што се случува околу патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ