Кауел: ФЕ и помага на Ф1

Шефот на фабриката за мотори на Мерцедес, Енди Кауел, откри дека Формула 1 програмата на Мерцедес во моментов има корист од вклученоста на производителот во електричната Формула Е тркачка серија, иако де паралелни програми на почетокот биле тешки за менаџирање.

Компанијата од Штутгарт во 2017 година најави дека за 2019-2020 сезона ќе има свој фабрички Формула Е тим, а моторот за таа цел ќе биде развиван во Бриксворт, паралелно со Формула 1 моторот. Кауел откри дека наученото за електричните мотори веќе го применуваат и им користи во врвната моторспорт тркачка серија.

формула е е фасцинантно првенство со електрични мотори како единствен движечка сила на болидите. поради тоа ефикасноста на електричните мотори, инверторите и контролните системи се високи како и влечната сила и прецизноста која се постигнува.

дел од развојот кој е научен веќе го применуваме и во формула 1, односно ќе биде применуван од мелбурн сезонава.нашиот формула 1 хибриден систем ќе има корист од формула е развојот. исто така направивме подобрувања на производниот процес кои потекнуваат од електричната програма.

произведуваме свој електричен мотор и дел од техниките кои ги користиме во развојот во формула е ги пренесуваме во формула 1 и хибридниот дел кој се користи таму. тоа е возбудливо да се види затоа што во минатото имавме некои пренесувања на технологија од проектот за хипер автомобилот. сега гледаме дека инженерингот и производствената тхнологија се враќа во формула 1.

Ферари имаше предност во однос на моторот во вториот дел од минатата сезона, период во кој Мерцедес го развиваше својот електричен мотор, а Кауел појасни дека првично било тешко да се подели персоналот.

да се тркате во две многу конкурентни тркачки серии и да се работи инженеринг за двете е тешко затоа што треба доста време за да се најдат вистинските луѓе за секоја серија. некои луѓе ги префрливме во формула 1 тимот, а најдовме и нови.

сепак мислам дека имаме корист и даваме можности за одлични кариери во нова технологија и нова серија каде гледаме многу идеи за развој. двата мотори како последицан а тоа ќе имаат голема корист.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ