Квјат за квалификацискиот круг: Еден од најдобрите во животот

Даниил Квјат, русинот од АлфаТаури, смета дека неговиот најбрз К3 круг бил еден од најдобрите во неговата кариера откако му донесе 7мо место на утрешниот старт на Јас Марина.

Квјат беше 4 десетинки побрз од својот колега Пјер Гасли и само десетинка од топ 6 пласман. За него ова е последна трка во АлфаТаури и во Формула 1, откако Ред Бул по се изгледа ќе го заменат со Јуки Тсунода, поради што имал помал притисок и може подобро да вози.

не размислувам воопшто за тоа, притисок секогаш има. секогаш сакате да имате перформанси, не само за краткорочната иднина туку и за на подолг ро. притисок постои и се работи за тоа како ќе го трансформирате притисокот во добар резултат.

кругот секако дека беше еден од најдобрите во мојата кариера. немам некое посебно рангирање, не правам јас такви работи, но секако дека е при врвот на круговите кои сум ги извозел и пресреќен сум што дојде денеска на крајот од сезоната. беше силен и беше чист, без грешки.

мојот дел од гаражата во пресрет на квалификациите разбра некои работи за болидот кој работеше одлично денеска, токму каков што го сакам – изјави задоволниот дани.

Тој дополни дека болидот му влеал самодоверба годинава како што одминувале на трките откако не бил задоволен од АТ01 на почеток од сезоната.

никогаш не престанав да притискам и го разбирав болидот се подобро. можеби на почетокот на годината болидот најмалку ми одговараше во мојата кариера, но работевме напорно. како што спомнав неколку пати, од спа навака многу позитивно го подобривме пакетот.

по имола, најдов нов лимит и мислам дека квалификациите ми одговараат и сум многу поконкурентен од претходно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ