Квјат: Мојата Ф1 кариера се случи многу брзо

Русинот Даниил Квјат смета дека неговата Формула 1 кариера се случила многу брзо, во моментите кога тој се подготвува за последната трка со АлфаТаури и се чини последна во врвната тркачка серија.

АлфаТаури одлучија да го задржат Пјер Гасли за наредната година, а Формула 2 возачот, јапонскиот штитеник на Хонда, Јуки Тсунода, е пред своето деби во Формула 1. 

Квјат дебитираше во Торо Росо во 2014 година, пред експресно да биде промовиран во Ред Бул на местото на Себастијан Фетел, од каде брзо го загуби кокпитот и се врати назад во Торо Росо. 

Подоцна неговиот договор беше раскинат и помина една година како развоен возач на Ферари тестирајќи во нивниот симулатор во 2018 година, но подоцна се врати во Торо Росо и лани беше одличен.

Мислам дека мојата Формула 1 кариера заврши екстрено брзо. По приот дел од формула 1 кариерата, не знам што се случи.

Дојдов од ГП3 и мислам дека некое скалило пропуштив. Имав добра година во Торо Росо и бев промовиран во Ред Бул многу брзо. Тогаш знаеме што се случи и беа тоа тешки години. Мислам дека ми недостасуваше искусво во Формула 1 – се присетува русинот. 

Квјат изјави дека искуството од четирите години во Формула 1 му го променило менталитетот кога се вратил во Торо Росо во 2019 година. 

Кога се вратив во 2019 година имав различен пристап. Не дека заборавив нешто, но започнав од ново како почетник. Научив нови работи и брзо напредував. Мислам дека имав две доста добри години. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ