Квјат по отказот: Сеуште имам многу во себе

Даниил Квјат вели дека ќе размисли околу своите опции во иднина откако официјално беше отпуштен од АлфаТаури во полза на Јуки Тсунода за 2021 година.

Тоа го означи крајот на соработката со тимот по враќањето во серијата во 2019 година, во кој што период тој регуларно беше во поени, меѓу кои и подиум на Германското Гранд При во 2019 година. Сепак, откако беше поразен од Гасли во 2020 и политиката на Ред Бул да се промовираат млади возачи, тој ќе го отстапи своето место на заштитникот на Хонда, Тсунода.

Сакам одмор, ништо друго … потоа ќе видиме за 2022 година. Ќе се обидам да се вратам, бидејќи сметам дека во вистинска атмосфера и вистински луѓе околу мене и болид, можам да бидам екстремно конкурентен. Сеуште имам што да понудам, благодарен сум на се, секако, за овие неколку години.

Беше одличен период, овие две години со тимот. Тоа е фантастично, а тие се неверојатни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ