Квјат се пошегува дека едвај чека Марко да му се јави

Даниил Квјат се пошегува дека едвај чека Хелмут Марко да му се јави да му понуди место во Формула 1. 

Русинот беше дел од Ред Бул јуниорската програма пред да биде повикан да вози за Торо Росо во 2014 година. Стана возач за Ред Бул во 2015 година како колега на Даниел Рикардо, но подоцна почна да тоне и беше вратен во Торо Росо пред да биде отпуштен од Ред Бул програмата во 2017 година. 

Во моментов тој е резервен возач на Алпин  и многумина се прашуваат дали ќе добие трета шанса во Ред Бул. 

Мислам дека едвај чека да ми се јави, Но мислам дека овој пат гордоста му пречи бидејќи минатиот пат си ја призна грешката.

По последниот пат кога тој возеше за АлфаТаури, Квјат изјави дека сака да се врати на гридот наредната година. 

Имам отворени очи и уши и можам да бидам флексибилен. Уживам во мојата работа со Алпин. Давам се од себе и фокусиран сум на тоа. Тие се интересни момци и тврдокорен тркачки тим. Работат како часовник и се многу организирани и поради тоа мислам дека имаат голем потенцијал. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ