Квјат: Срамота е што АлфаТаури не донеле одлука

Даниил Квјат во моментов нема никаков договор за следната година и чека официјална потврда за својата иднина од АлфаТаури. 

Се очекува тој да биде заменет со Формула 2 возачот, Јуки Тсунода, откако јапонскиот возач заврши на трета позиција во јуниорскиот шампионат. АлфаТаури сеуште нема никакви официјални вести околу иднината на Квјат, иако русинот смета дека може да се врати во Формула 1 во 2022 година. 

Ќе се обидам да се вратам, мислам дека ќе биде во вистинска атмосфера, со вистински луѓе, во вистински болид. Можам да бидам многу конкурентен и имам многу да понудам.

Им благодарам на ред бул и алфатаури за се во изминатите години. Беше навистина добро во последните две години. Беше фантастично. Тие се извонредни. Штета е што не знам дали ќе бидам во Формула 1 наредната година. 

Квјат се тркаше за АлфаТаури во последните две сезони и ова е трет пат тој да вози за тимот. Тој возеше за Торо Росо пред да премине во Ред Бул од каде беше вратен по само четири трки. Подоцна целосно беше отпуштен од Ред Бул програмата за повторно да се врати во Торо Росо. 

Никогаш не вели никогаш. Животот те учи на тоа. Секако некогаш треба да се почека. Имав договор на две години, а За остатокот прашајте го Хелмут.

Јас сум отворен за идеи не кажувам не. Наредната година може ќе паузирам. Доколку има нешто интересно може да кажам да. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ