Кими за малку ќе го банкротирал Лотус

Перформансите на Кими Раиконен за Лотус биле толку добри што тој за малку ќе ја банкротирал екипата поради клаузата за перформанси во неговиот договор.

Откако замина од Ферари на крајот на 2009 година, Раиконен направи пауза од Формула 1 и се натпреваруваше во рели, а потоа и во НАСКАР. Се врати во спортот во 2012 година, со двегодишен договор за Лотус.

Неговите перформанси во тимот беа совршени, до толку што Раиконен за малку не ја банкротирал екипата поради бонусот кој му бил назначен за секој освоен поен во првенството. 

Прв пат слушнав за неговите планови на Германското Гранд При во 2011 година – вели финскиот новинар, Хеики Култа. 

Во тоа време, преговорите беа започнати со Вилијамс, но подоцна, тој потпиша договор со Лотус. Изненаден бев колку брзо тој се адаптираше по толку голема пауза. На 4та трка во Бахреин, тој заврши на второ место. Потоа, победа на трката во Абу Даби, на 4ти Ноември, тоа ќе го паметам, особено по неговата порака по тимското радио “Оставете ме на мира“.

Кими освои 390 поени во две години со Лотус. Жерар Лопез, тимскиот шеф, дефинитивно не го очекуваше тој резултат, а договорот со Раиконен му ветуваше 50,000 евра по поен, што за малку ќе доведеше до банкрот, а дополнително бонусот на поени му гарантираше на Кими уште 19.5 милиони евра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ