Кими изненаден од перформансите на Алфа во Катар

Кими Раиконен е изненаден и задоволен од перформансите на Алфа ромео во Катар како и можноста на болидот да се носи со останатите во средината од поредокот.

Силниот старт од 16то место го донесе финецот до 12то по првиот круг каде остана се до раната промна на гуми. Се бореше и се врати таму во втората серија, но по втората промена повторно назадуваше, а Гранд При тката ја заврши на 14то место.

Формула 1 ветеранот е задоволен од ритамот на својот Ц41 болид откако на трка го мина Николас Латифи од Вилијамс.

беше добро што можевме да се тркаме со некои конкуренти, но беше слично како на квалификациите, недостасуваше по малку брзина секаде на патеката. болидот стануваше се подобар на трка, претекнувавме и добивавме позиции, на крајот стасував болиди пред мене, но ми фалеше брзина и штета е.

бев изненаден, успеав да минам неколку болиди на првата кривина на патека каде мислев дека ќе биде потешко – објасни кими.

На крајот на трката, Раиконен заврши само три секунди зад Даниел Рикардо од Мекалрен и Јуки Тсунода од АлфаТаури, а беше и 25 секунди пред Анотнио Џовинаци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ