Кими објави биографија, ништо чудно, се вика “Непознато“

Кими Раиконен не покажува многу знаци околу тоа како се чувствува или што размислува во било кој момент, така што веста дека објавува книга оваа година дефинитивно ќе биде од голем интерес. Тој откри дека ќе ја раскаже својата приказна досега во “Tuntematon“ – “Непознато“ на фински јазик.

Таков наслов дефинитивно одговара на енигматичниот ветеран кој беше шампион во 2007 година. Знаејќи дека тој е проблематичен при интервјуа, постои шанса секоја од страниците во книгата да биде исполнета со неговата веќе позната изрека:

Bwoah, it’s tough to say.

Фановите на Раиконен кои можат да читаат фински и шведски ќе бидат први кои ќе имаат пристап до книгата на крајот на месецов, но фановите од други јазични подрачја не треба да се грижат, Iceman ветува дека истата ќе биде достапна и на други јазици.

Со голема надеж, можеби ќе дознаеме што се се случило на јахтата по неговото откажување од трката во Монако во 2006 година …

My story so far. Available in Finnish and Swedish 16.8.2018. Other languages soon after.

A post shared by Kimi Räikkönen (@kimimatiasraikkonen) on

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ