Кими огласи на продажба свое Ферари за 1,8 милиони евра

Кими Раиконен сеуште е последниот возач на Скудерија Ферари кои освоил титула за најтрофејниот тим на гридот, а неодамна се повлече од Формула 1 по речиси две децении во спортот.

Финецот огласи на продажба свое лично Ферари Ф12тдф за износ од 1,8 милиони евра преку дилер на луксузни автомобили во Швајцарија. Се работи за лимитирана верзија на автомобил од Маранело, верзија на стандардното Ф12 од само 799 автомобили. Автомобилот иам В12 мотор со 770 коњски сили, а до 100 кмч забрзува а само 2,9 секунди. Максималната брзина на “ѕверот“ е околу 340 кмч.

Првичната цена на автомобилот беше 550 илјади евра кога беше промовиран пред шест години, но како и сите лимитирани верзии, цената му се зголемува како што одминуваат годините. Ако се земе во предвид дека се работи за личниот примерок на последниот Формула 1 првак со Ферари, не е ни чудо што цената му е 1,8 милиони евра.

Понатаму, дилерот Car Star AG посочува дека се работи за единствена боја која е идентична со неговото победничко, шампионски Ферари Ф2007.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ