Коматсу: Мик многу научи од Кевин

Главниот инженер на Хаас, Ајао Коматсу, откри дека напредокот на Мик Шумахер оваа сезона се должи на Кевин Магнусен, од чие искуство тој имал огромна корист.

Партнерството помеѓу Шумахер и Магнусен заедно со новите правила го донесе Хаас во поени по очајно тешкат ланска сезона кога не освоија ниту еден поеб. Данецот е првиот колега на Мик кој не е Формула 1 дебитант, така што германецот искористи многу од неговото искуство во својата втора сезона во Формула 1.

Запрашан за влијанието на Магнусен врз Шумахер оваа сеона, Коматсу одговори:

доста големо влијание, огромно. знаете, кога кевин се врати во бахреин на вториот тест, тој беше различна личност од претходно кога беше кај нас во екипата. отворен е, сака промени, сака д спосели информации и мик многу искористи од сето тоа.

шумахахер беше многу блиску до поени доста често, но не стигнуваше до нив, но штом дојде до топ 10 на силверстон, направи огромен чекор. годинава е драстично подобрен – посочи јапонскиот инженер.

По 8то место на Силверстон што беа и први негови поени во Формула 1 кариерата, следуваше и 6та позиција на Ред Бул Ринг.

тука е и менталната страна откако ги освои првите поени на силверстон. тоа му отстрани огромен притисок по што следуваа фантастични перформанси на спилберг кога самодовербата му стана голема.

почна далеку подобро да го разбира болидот. тој многу напорно работи, секогш седи до своите инженери обидувајќи се да научи што тргнало наопаку или каде погрешил за да се подобри на следното возење. напорно работи и конечно по 1,5 година од своето деби, му се врати со поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ