Компанијата која прави еколошки горива за Себ, разговара со Ф1 тимовите за партнерство

Производителот на еко гориво без јаглерод кој му помага на Себастијан Фетел да ги вози историските болиди со користење на еколошко гориво, веќе разговара со Формула 1 тимовите за евентуално идно партнерство.

П1 горива привлече внимание на минатогодишната трка во Британија каде Фетел го возеше болидот на Мансел од 1992 година со гориво без јаглерод. Себ изјави дека има мотивација да докаже дека болидите може да се движат со горива од обновливи извори и да не се користат фосилни горива. 

Користам гориво од нефосилно потекло и сакам да покажам дека може да продолжиме со демонстрација на историјата на спортот на одговорен начин – објасни тогаш четирикратниот првак.

П1 горива, веруваат дека технологијата во моторспорт се развива брзо и компанијата веќе е доставувач во ВРЦ рели шампионатот. 

Основачот на П1 и оперативен директор, Бенџамин Пoшамер, верува дека има потенцијал за евентуално партнерство со Формула 1 од 2026 година кога спортот треба да премине на одржливи горива. 

Ф1 работи со Арамко на развој на правилата за горивата од 2026 година додека П1 води дискусии со тимовите како да влезе во спортот. 

Сеуште се запознаваме. Нема тендер од Ф1 за горива и Арамко е единствениот, Но во Ф1 има различни компании за нафтени продукти. Повеќе компании работат со тимовите и сакаме да ги тестираат нашите продукти.

Додека Пошамер сеуште не објави со кој тимови разговарале, сака јавноста да е свесна за нивните продукти. 

Сакаме да се тркаме и тоа е возбудливо, Но сакаме да сме на масовниот пазар и да направиме разлика. Имаме визија и ова е првиот чекор, вториот е да ги запознаеме сите да го користат ова гориво. 

Тие се партнери со Фетел бидејќи германецот сака да помогне за климатските промени. 

Во 2015 година тој изјави дека сака да направи нешто околу климата и да се трка, Тоа беше идејата. Ни требаа неколку години за да покажеме дека работи на секој мотор. Тој ја сака нашата работа. Навистина работи со нас. Нема посебна причина, но сака да направи промена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ