Коронел: Луис требаше да замине лани

Луис Хамилтон ја заврши сезоната зад својот млад колега, Џорџ Расел, а славниот холандски тркач, Том Коронел, смета дека седумкратниот првак требало да си замине по крајот на минатата сезона.

Од почетокот на сезоната, Луис заостанува зад својот колега, но потоа посочи дека тестирањето, развојот и сите експерименти за тимот со проблематичниот болуд ги спроведува токму тој и поради тоа не е насочен на поени и пласмани. Расел имаше серија од 9 последователни топ 5 пласмани, а Хамилтон во истиот период, двојно помалку.

Коронел посочи дека штом ја заубил борбата за ланскиот наслов, Хамилтон требало да се повлече од Формула 1, особено по контеоверзниот начин на кој сето тоа се случи.

на почетокот од сезоната искрено мислев дека на луис му е време за замине. не се работи за мотивација, туку ударот кој го претрпе лани како спортист е тежок да се преброди. тоа е преголем притисок и премногу непроспиени ночи.

сите минуваат низ таков период без оглед за тоа колку голем спортист и човек сте, така што кај луис мотивацијата не беше преголем проблем – посочи коронел.

Како што одминуваа трките, Мерцедес се повеќе го средуваа својот болид, така што и Луис се “разбудив“ во вториот дел од сезоната и неколку пати го предизвикуваше Верстапен за победа на трка.

луис немаше позитивн мисла во тие први неколку месеци од сезоната, но психолошки е силен и се врати од трката во барселона, малку по малку. потоа го видов како “гризе“ повторно, онака како што сме научени да го гледаме.

на крајот на сезоната беше повторно силен, иако расел беше единствен кој победи за мерцедес годинава, но на таа трка немаше да биде незаслужено и луис да победеше. морам да кажам дека на крајот од годината луис одлично возеше и покажа дека е назад, дека е борбен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ