Кој му бил омилен мотор на Кими?

Кими Раиконен имаше неочекуван избор на омилен Формула 1 мотор со кој возел откако беше прашан за истото. 

Финецот дебитираше во 2001 година кога во Формула 1 се возеа В10 агрегати со зафатнина од 3 литри. Тој ја освои титулата со В8 мотор од 1,4 литри, а подоцна победуваше и во хибридната ера. 

Навистина уживав во хибридите. Ферари не беа на достојно ниво на почетокот, Но како поминуваше времето тие се подобруваа – посочи кими.

Иако многумина тагуваат во В10-ките, сепак Раиконен смета дека В6 агрегатите биле доста полесни за работа за возачите и персоналот. 

Ми се допаѓаше бидејќи не беа гласни, Немаше неверојатна гласност и можевме да разговараме. На почетокот беше чудно, но доста фино. 

Но, Раиконен не воочил разлика бидејќи сепак ја имал потребна опрема за да не му смета ништо. 

Имаме тампони за уши и пак беше гласно, но мислам дека освен звукот ништо не е различно. сеуште мислам дека треба да се тркаме со В10 мотори. Ќе се заштедеа многу пари и резултатот немаше да се промени. Понекогаш се прават промени без причина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ