Кој тимски шеф заработува најмногу ?

Важноста на тимските шефови во Формула 1 станува се поголема, а тоа стана видливо во серијата на Нетфликс, а деновиве беа откриени и платите на некои од челниците на екпите.

Пазарот на возачи беше активен минатата недела, Биното замина од Ферари, а Васур го наследи, додека местото на Фред го превзема Андреас Сеидл од Мекларен, кој пак  беше заменет од Андреа Стела. Во исто време од Вилијамс замина Јост Капито заедно со својата “десна рака’ Демаисон, но замена таму сеуште нема.

Според француски sportune.fr, Фредерик Васур, Андреас Сеидл и Андреа Стела ќе заработат помеѓу 6 и 8 милиони евра во своите нови компании. Иако ова се многу големи суми, сепак не се најголеми во падокот.

Буџетското ограничување не го зема во предвид трошокот односно платата на трите највисоко платени луѓе во екипа не сметајќи ги возачите. Кристијан Хорнер кој е најдолготраен тимски шеф во моментов, заработува помеѓу 8 и 12 милиони евра по сезона, но тие пари му донесоа двојна титула на Ред Бул годинава.

Се вели дека на врвот на листата е Тото Волф кој за 16 милиони евра плата спроведе осумгодишна доминација со спортот, но тој има и огромен 30% удел во тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ