Крак: Лоренс Строл сака уште повеќе од Астон

Иако Астон Мартин има успешен старт на оваа сезона, шефот на тимот, Мајк Крак, признава дека сопственикот Лоренс Строл сака да одат чекор напред.

Откако минатата сезона завршија на седмо место, оваа година тие се на втора позиција во шампионатот со три подиуми за Фернандо Алонсо. Астон има 65 поени, 9 поени пред Мерцедес, но Строл има висока цел за тимот и веќе сака победа.

Мисијата на Лоренс е јасна. Тој не го одложува барањето и прашува кога ќе победиме. Тој е среќен со чекорот напред, но тоа не ги задоволува неговите амбиции. Добра работа е што Лоренс знае што сака и сака повеќе и мора да испорачаме повеќе – откри шефот крак.

И покрај силните перформанси на патеки со различни карактеристики, Мајк признава дека тоа е охрабрувачки знак, но е претпазлив при носење некакви заклучоци.

Имавме три патеки со различни карактеристики. Бевме конкурентни на сите, но не сме сигурни и на кои патеки во иднина ќе бидеме добри затоа Сите што следуваат.

Тука е Баку со огромен правец и Монако без правци. Затоа мора да сум претпазлив и да не донесувам заклучоци. Мора да се припази и на стратегијата која одигра важна одлука во Австралија. Затоа внимавам со коментарите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ