Крак не се согласува со правилата

Шефот на Астон Мартин, Мајк Крак, изјави дека правилата околу казните во бокс се претенциозни откако неговиот возач, Фернандо Алонсо, го загуби подиумот во Саудиска Арабија.

Нандо заврши на трета позиција откако отслужи казна од пет секунди при единственото менување гуми, но по истрагата на крајот од трката и подиумската церемонија, доби казна од 10 секунди и “падна“ на 4то место.

Правилата кажуваат дека не смее да се работи на болидот и Тоа е можеби малку тенденциозно. Имаме јасни процедури, почнува одбројување и се мора да е безбедно. Не добиваш никаква предност и чекаш само на реакција – вели тимскиот шеф.

На прашање дали ќе се жалат за одлуката, Крак одговори:

Чекаме сеуште и правиме проверки. Не сум сигурен 100% за да кажам како ќе продолжиме и како ќе се справуваме со ова.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ