Крак: Џеда потврди дека сме многу брзи

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, посочи дека Саудиското Гранд При потврдило дека нивниот АМР23 болид е многу брз и повеќе нема сомнеж за пакетот од Силверстон.

Фернандо Алонсо втора трка по ред заврши на подиум со одличен тркачки ритам и единствено Ред Бул пред себе.

овој викенд го потврди нашиот ритам и брзина. но, мораме да бидеме внимателни со заклучоците, имаме целосни податоци од две трки, две целосно различни патеки и во два наврати бевме конкурентни.

не смееме да потцениме никој затоа што во ф1 се е релативно споредео со конкуренцијата. можеби другите имале проблеми за кои не сме свесни. треба да почекаме, прашајте ме повторно на крајот на сезоната – изјави крак од џеда.

Крак призна дека тимот не се возбудува претерано поради резултатите.

внимателни сме со очекувањата, да кажам така затоа што џеда и бахреин беа сосема различни. сметаме дека ќе бидеме помалку брзи на побрзите делови од патеките, но не се знае што работат и колку менаџираат останатите. претпазливи сме и претпочитаме да почекаме.

Лани Астон Мартин имаше силен напредок во текот на сезоната, така што се оптимисти дека може да го повторат истото и годинава и да ги стигнат Ред Бул.

добро прашање е за што се способни ред бул. трката по развој е во тек и знаеме дека се бориме со екипи кои имаат различен мотор, различни луѓе, инфраструктура и ресурси. мисам дека мораме да останеме внимателни со предвидувањата и менаџирањето.

единствено мораме да продолжиме силно да работиме затоа што лани видовме дека можеме да го намалиме заостатокот зад оние пред нас, но тоа не може со сигурност да кажеме дека можеме да го повториме ланскиот развој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ