Кубица смета дека проблемите на Вилијамс не се поради Лоув

Роберт Кубица негира дека проблемите изминатите две сезони се поради техничкиот шеф, Пади Лоув.

Британецот дојде од Мерцедес пред почетокот на 2017 година, но двата болиди кои ги дизајнираше испаднаа најбавни на гридот, лани и сезонава. Екипата дури и закасни на годинешното тестирање, по што Пади замина на отсуство.

секој може да си извлече заклучок сам, но ова не е проблем поради еден човек. вообичаено, тој кој е највисоко на скалилото ја плаќа цената.

во прашање се поголеми групи и повеќе луѓе, мислам дека проблмот не е само од минатиот месец, туку нешто што се таложи и тлее поголем период.

бевме во ситуација која не беше добра и лани, но искрено, сезонва ние е потешко. лани мислевме дека не може да биде полошо од тоа што беше тогаш – појасни кубица.

Кубица и Расел стартуваат од дното на гридот на секоја од трите трки сезонава, а полјакот појаснува дека се работи за комплексен спорт каде треба да се земат сите аспекти во предвид, а не да се обвини Пади Лоув.

спортот е сложен и барам групна работа затоа што никој човек не може да ја исправи или влоши работата. лани, на пример, ако се боревме за некоја топ позиција сите ќе се прашуваа како може пади да направи таков страшен болид.

никогаш не е еден човек, се разбира дека еден човек може да влијае и поради тоа сметам дека патрик хед може да ни помогне да се поправиме и дефинитивно да направиме разлика. на крајот многу луѓе се вклучени во водење на екипата и носење успех или неуспех.

Соосновачот на Вилијамс, Патрик Хед, се врати од пензија како консултант на екипата на краткорочна основа, а Кубица иако не го познава лично, свесен за позитивниот удел кој го носи со себе како и за искуството.

може да заврши одлична работа и да донесе многу во тимот, не се познаваме лично, но имам огромна почит за него и сето тоа што го направил и постигнал во минатото. беше крупен играч во вилијамс и голем дел од славната историја на тимот.

тоа може да донесе само позитивни работи во екипата, но сепак, ќе повторам, дека еден човек не може да промени ништо сам. дефинитивно може да помогне со своето искуство и карактер, тој е тркач и може да учиме од него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ