Култхард: Грешките на Леклер се неприфатливи

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен коментатор и аналитичар, Дејвид Култхард, смета дека Шарл Леклер мора да престане да прави грешки доколку сака да ја освои титулата. 

Леклер два пати излета во Мајами, а на трката успеа да стигне до седма позиција. Претходно во Баку, тој исто така имаше излетување.

Во претходните сезони моначанецот правеше грешки во Монако, Имола и Пол Рикар при обидот да извлече максимум од болидот. 

Неприфатливо е да мисли дека тој е безбеден. Неверојатно е брз и знае да извлече максимум од болидот, но прави многу грешки и штета. Тој тоа го знае и тимот го знае, Но не може да го отпуштиш бидејќи тој е најсилното нешто во екипата – смета шкотланѓанецот. 

Култхард, сепак го смирува Леклер. 

Мислам дека му треба победнички болид и ќе ја освои титулата. Во моментов нема титула, Но не треба да е очаен бидејќи вози над своите способности. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ