Култхард се сомнева во огромен напредок за Мерцедес

Дејвид Култхард е скептичен дека Мерцедес може да ги направи потребните чекори со W13 за да ги предизвика Ферари и Ред Бул оваа сезона.

Иако Мерцедес, кои го освоија шампионатот за конструктори во изминатите осум години, се наоѓаат на второто место во тековната трка за титулата, тоа е само поради досегашните проблеми на Ред Бул. Во однос на темпото, Ферари само е пред Ред Бул. Скудерија, со две победи за Шарл Леклер, има 39 поени повеќе од Мерцедес, со уште 10 назад до Ред Бул чии болиди постигнаа само три финиши на трки од можни шест.

Мерцедес не успеа во многу променетите регулативи со решение за потскокнувањето на нивниот болид, а исто така имаше сугестии дека нивниот мотор не е онаков каков што беше затоа што нивните клиенти се исто така помалку конкурентни отколку што можеше да се очекува со различното гориво Е10.

Сепак, Култхард не гледа дека Мерцедес го прави големиот скок потребен за трансформирање на нивната форма од сега до крајот на сезоната во Ноември, особено затоа што тие нема да бидат единствениот тим што ќе смисли како да направи подобрувања.

Мислам дека она што се случи е дека има голем број промени во правилата и регулативите, горивото исто така се промени, се чини дека пакетот на Мерцедес всушност не одговора на тоа, како кај Ферари, Хонда и Рено. сметам дека ова ќе биде долга, напорна сезона за нив.

Целосно прифаќам дека имаат голема група на луѓе кои можат да помогнат во развојот на тој болид, но никој друг не стои во место, тоа е проблемот што го имаат.

Значи, тие мора да прават не бебешки чекори, треба да направат огромен чекор напред и според моето искуство тоа никогаш не се случува во текот на една сезона – вели култхард кој работи и како коментатор и аналитичар на британски канал 4.

Одговорниот за стратегија на Мерцедес, Џејмс Вауелс, рече во брифирањето на тимот по Големата награда на Австралија дека се свесни дека нивните ривали исто така ќе имаат ажурирања.

Кога ќе се вратиме во европската фаза од сезоната, тимовите генерално ќе донесат повеќе надградби на перформансите и сметам дека ќе видите еволуција на нашите конкуренти и ние треба да се погрижиме дека минимум ќе останеме во чекор со тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ