К-Маг: Латифи ме исфрли од патеката

Ниту Кевин Магнусен ниту Николас Латифи прифаќаат вина за инцидентот по кој предвреме ја завршија трката во Франција. 

Во 38от круг, Латифи се обиде да го престаса Магнусен во првиот свиок и беше понапред во наредниот, но двајцата имаа контакт при што Латифи се изврте додека данецот отиде надвор од патеката и поради штета двајцата пред време ја завршија трката. 

Магнусен имаше одличен напредок на почетокот на трката, но истиот запре со појавувањето на безбедносното возило поради откажувањето на Леклер. 

Тој ме нападна, веќе немав каде да одам и имавме контакт. Мислам дека за се беше доцна. Тој требаше да ми остави повеќе простор, но ете, можеме да видиме на екраните и да судиме. Штета беше бидејќи од последна позиција на стартот имав одличен напредок иако се мачев малку – посочи к-маг.

Латифи беше малку поотворен да ја прифати одговорноста изјавувајќи дека се бранел. 

сеУште не сум ја видел снимката, но сигурно не сум виновен. Тргнав во првиот свиок и отидов малку подлабоко Во вториот свиок и веќе мислев дека сум понапред и има доволно место. Но, секако имаше и истиснување иако мислам дека свиокот и позицијата беа мои. Мислам дека не сум виновен и сигурен сум дека беше тркачки инцидент. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ