Магнусен за инцидентот со Де Врис: Немам право да се жалам

Кевин Магнусен и Ник де Вриs се судрија во 36oт круг на Гранд При на Канада, а двајцата возачи оттогаш го дадоа своето мислење за она што се случи.

Кевин Магнусен посочи дека не е во позиција да се жали поради неговиот судир со Ник де Врис за време на трката за Големата Награда на Канада во Формула 1.

Данецот се бореше со Де Врис во 36от круг од настанот кога тие имаа контакт додека болидот на АлфаТаури се обидуваше да се придвижи внатре во свиокот 3, што доведе до тоа двајцата возачи да завршат во просторот за излетување.

И двајцата се вратија назад на патеката, но се покажа како тешко попладне и за едниот и за другиот. Магнусен заврши 17ти, додека Де Врис го заврши денот на 18то место.

Размислувајќи за инцидентот, Магнусен изјави за медиумите:

Мислам дека ја имаше внатрешноста, но потоа ги блокираше тркалата и не можеше да го изведе свиокот.

Бев однадвор, а бев блокиран и завршив надвор од патеката и немав среќа во тој момент.

Додека двајцата веќе се бореа силно во свиокот 2, Магнусен не беше критичен кон Де Врис.

Тој се тркаше прилично силно, тоа е сигурно, но јас немам право да се жалам. – рече возачот на Хаас.

Мислам дека проблемот беше што го пропушти сопирањето во свиокот 3 и ме повлече со себе. Мислам дека не го направи тоа намерно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ