Стаинер задоволен со влијанието на Хулкенберг над Магнусен

По доаѓањето на Нико Хулкенберг во тимот на Хаас за 2023 година, Гунтер Стаинер ужива во гледањето на здрава конкуренција што се разви меѓу германецот и тимскиот колега Кевин Магнусен.

Хулкенберг се врати со полно работно време во спортот за сезоната во 2023 по три години настрана, иако имаше неколку заменски настапи во овој период за Рејсинг Поинт/Астон Мартин за возачи принудени да ги пропуштат трките поради КОВИД-19.

Германецот го замени Мик Шумахер во тимот на Хаас, а Стаинер смета дека тоа што има искусен возач како репер е позитивно за Магнусен.

На прашањето за влијанието на Хулкенберг врз Магнусен и дали данецот морал да ја подигне својата игра, Стаинер изјави:

Тешко е да се каже.

Тоа е повеќе прашање за Кевин отколку за мене, но мислам дека тој вложува напори и за него е добро да има репер. Тоа е она што го мислам.

Нико врши добра работа. Бев многу изненаден кога влезе, колку беше брз и со брзината која ја има во моментот, бидејќи многу луѓе рекоа дека по три години ќе треба половина година за да се врати формата во него.

Мислам дека не му требаше половина година, но и да му требаше, што можеме да очекуваме во втората половина од сезоната?

Стаинер смета дека Магнусен ужива да го има Хулкенберг како репер.

Мислам дека тоа е добро за Кевин – објасни шефот на тимот на Хаас.

Тој има репер, и треба да стигне до таму и тој тоа го сака.

Ако Нико е пред него, тој не се лути или нешто друго, тој се обидува да го победи, а тоа е она што го сакаме.

Сакаме да имаме здрава конкуренција во тимот.

Хаас моментално се наоѓа на седмото место во шампионатот за конструктори со осум поени, а Хулкенберг постигна шест наспроти два на Магнусен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ