Латифи задоволен: Расел ќе биде одличен репер

Канаѓанецот Николас Латифи, дебитантот следната година во Вилијамс, изјави дека е задоволен што како репер ќе го има Формула 2 првакот од 2018 година и возачот кој беше многу подобар од искусниот Роберт Кубица оваа сезона.

Младиот британец беше единствен возач кој не освои поени годинава, но го победи својот колега на квалификациите од секоја трка сезонава, првиот по Фернандо Алонсо кој направи такво достигнување во 2008 и 2018 година.

ќе се обидам да си ја сработам мојата работа колку што можам подобро, јас сум самостојна личност и свој возач. јасно е дека џорџ е еден од највисоко ценетите малди возачи во ткачката серија и поради тоа сум нетрпелив да му се спротиставам. секако дека ќе биде добар репер за мене, референтна точка на почетокот од сезоната. тој нема повеќе да биде дебитант догодина и претпоставувам дека ќе има предност од искуство – смета латифи.

Николас е свесен дека победата над својот колега не е толку вана колу што е битно да му се помогне на Вилијамс да се врати по двете очајни сезони кои ги завршува на дното од поредокот.

мислам дека одлично ќе соработуваме со џорџ иако е тешко да се каже какви ќе бидт перформансите и какви ќе бидат резултатите. моја цел е д извлечам максимум перформанси од пакетот кој ќе ми биде на располагање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ