Латифи: Промена на светлата немаше да го спречи инцидентот

Возачот на Вилијамс, Николас Латифи, се сомнева дека доколку има промена на правилото околу светлата за безбедносно возило, инцидентот ќе бил спречен. 

Трката во Муџело беше сопрена откако дури четири болиди се судрија при рестаротт по првото безбедносно возило. За инцидентот беа обвинете болидите од задниот ред бидејќи забрзале па успориле во последен момент. 

По трката, многу возачи побараа да се направат измени бидејќи светлата за безбедносното возило се изгасиле предоцна и поради тоа Ботас го одложувал стартот до последен момент. 

Кога се гасат светлата подоцна, а вие сте лидер, секогаш сакате во последен момент да забрзате бидејќи го контролирате темпото. Во исто време, со Валтери напред ќе бев изненаден доколку стартуваше пред светлата. Тој чекаше до последен момент за да го намали ефектот на следење.

Да речеме дека светлата се гасат на почеток на кругот, тогаш тој има време за цел круг да тргне, но гарантирам дека тој пак би го направил истото бидејќи е најпаметната работа – смета канаѓанецот.

Латифи верува дека единствен начин да се избегнат инциденти во иднина е воведување на различни рестарт процедури во зависност од патеката. 

Мислам дека треба да има различни процедури зависно од патеката. Тешко е да се суди, Но потребна е поголема дисциплина од возачите. Треба да се држи соодветно растојание.

Верувам дека инцидентот беше предизвикан од некои возачи на средината кои оставија преголема разлика и забрзаа веднаш мислејќи дека ќе започне тркањето. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ