Латифи ќе почека за надградбите

Николас Латифи ќе мора да почека по летната пауза за да добие надграден болид поради тоа што Алекс Албон го искрши неговиот и има недостаток на делови кај екипата од Гроув. 

Вилијамс донесе подобрен болидо во Британија, но имаа делови само за еден болид и одбраа тоа да биде Александер Албон. Одлуката беше Албон да го добие бидејќи ги има единствените поени во тимот, но екипата немаше шанса да го извози бидејќи беше удрен уште во првиот круг. 

Албон помина без повреди, но болидот беше целосно уништен. Ова е голем проблем за канаѓанецот кој ќе мора уште да чека. 

Ова беше голем судар и Ќе мора да видиме во фабриката што ќе биде, но Не е негова вина.

Штета е за тимот бидејќи целата програма е назад. Мора да видиме колкава е штетата на болидот. Големи делови се различни на болидите, но не сум ја видел штетата. Се сомневам дека нешто може да се поправи. Јас ќе мора да почекам нови делови – свесен е канаскиот возач кој е единствен на гридот без поени во моментов.

И покрај тоа што возеше со стар болид, Латифи беше подобар од Албон на квалификациите и влезе во К3 за прв пат оваа сезона, но трката ја заврши на 12 та позиција. 

Првиот првата серија беше доволна за поени. Сите беа побрзи од мене и бев во ДРС воз. Се обидов да ги задржам, но не успав во тоа. Во брзите свиоци ги уништив гумите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ