Леклер загрижен по ужасните перформанси во Спринт-от

Шарл Леклер призна дека е немал никаква контрола во полусуви и полувлажни услови откако не успеа да постигне поени на Спринтот за Големата Награда на Австрија.

На возачот на Ферари му беше изречена казна од три места за попречување во престрелката, што го постави на деветтото место на гридот во саботата.

Леклер не можеше да напредува покрај Естебан Окон од Алпин и возачот на Вилијамс, Алекс Албон додека патеката се сушеше, загуби позиции при промената на мазни пневматици доцна во трката, на крајот завршувајќи на 12то место.

Загрижувачки истото се случи во слични услови кога имаше потешкотии со темпото во Канада и во Шпанија.

Во однос на неговата трка во Сабота, Леклер изјави:

Многу работи се случија, но ние бевме бавни.

Во моментов, се борам како луд кога и да е полусуво, полувлажно, едноставно немам контрола.

Три трки по ред се наоѓаме во овие услови и јас секогаш се борам, изгледа дека секогаш правам нешто погрешно со мојот стил на возење што не му помага на болидот и ме тера да губам самодоверба.

Тогаш навистина се мачам. Штета е, но ќе работам понапорно од било кога за да бидам посилен во такви услови што е можно поскоро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ