Леклер и Перез ги расчистиле работите по Австрија

Нема повеќе “лоша крв “помеѓу Шарл Леклер и Серхио Перез по нивните инциденти во Австрија.

Возачот од Монако го искоментира ова прашање и се надева дека Ферари може да го покаже своето темпо на Силверстоун и покрај некои загрижености во врска со трошењето на предните гуми. 

Двајцата се бореа за 6то место во поголемиот дел од трката и имаа контакт во свиокот број 4, а потоа за малку ќе се судреа во свиокот број 6. Леклер беше принуден да вози широко и низ песокот, додека Перез доби казна за неговите постапки, но сепак возачот на Ферари вели дека нема лоши чувства меѓу двајцата.

Зборував со него веднаш по трката. Можев да видам дека веднаш се чувствуваше како да отишол предалеку, а потоа се видовме 20 минути потоа и тој се извини.

Нема лоши чувства. Очигледно, за време на трката бев прилично фрустриран. Се чувствував како да има нешто повеќе темпо од мене и не можев да покажам дека е добро. Тоа е дел од трките и сега само ќе гледам напред – потенцираше леклер.

Што се однесува до Британското Гранд При овој викенд, Леклер во минатото имаше успех во Силверстоун. Формата на Ферари е неконстантна во последните неколку недели, а возачот се надева дека тимот има зголемен ритам во споредба со Австрија, иако менаџирањето со гумите може да претставува проблем.

Во Австрија бевме помалку силни во квалификациите, но многу силни во трката. Се надеваме дека тука ќе можеме да бидеме малку посилни во квалификациите, притоа задржувајќи го нашето темпо за трки.

Да не го заборавиме Пол Рикар каде го имавме ова прашање на предните гуми. Силверстоун е доста тешка патека за предните гуми, така што треба да се погрижиме за ова. Се надеваме дека завршивме доволно добра работа за да се обидеме и да го избегнеме овој проблем викендов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ