Леклер мотивиран, не се откажува од титула

Шарл Леклер откри дека е силно мотивиран да се ори за шампионската титула и покрај скорешните проблеми и фактот што заостанува 49 поени зад Макс Верстапен

Моначанецот беше во одлична форма на почетокот од годината кога “врза“ две победи за Скудерија, но проблемите со изджливоста во Шпаноја и Азербејџан како и грешката со стратегијата во Монако, го спушти на 3то место кај возачите. Моначанецот се надеваше да дојде до силен резултат во Канада, но промената на моторот и почетокот од последниот ред му донесе тешка трка.

почнуваме од ново на силверстон каде што целам да се вратам на победи. шампонатот е многу долг, недостасуваат 49 поени, две победи и веќе сме на нула. искрено мораме да се концетрираме само на себе.

не сум загрижен, туку силно мотивиран конечно да имам чист виенд без проблеми и да покажам колку сме силни – посочи леклер.

Иако надежта не е стратегија, сепак Шарл се надева дека Макс треба да има проблеми на неколку трки за да тој успее да го стигне, нешто што е можно ако се земат во предвид проблемите на Чеко од Канада.

очигледно е дека ред бул си иаат проблеми, така што идржливоста секако дека ќе биде проблем. но, тоа е тоа што ни треба, без разлика дали ќе имме тешки викенди како овој до крајот, мораме да одиме на максимум поени, тоа е наша цел. ако притискаме до максимум, имаме потенцијал да се вратиме на врвот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ