Леклер незадоволен што останал без подиум

Шарл Леклер од Ферари има мешани емоции за тоа што заврши на четврта позиција на трката на Имола за Големата награда на Емилија Ромања. 

Тој имаше силен старт од четвртата позиција и веднаш го престаса Серхио Перез. Моначанецот беше на прагот да се искачи на подиум но беше престасан од Луис Хамилтон. Подоцна Хамилтон го помина и Норис и со тоа Леклер падна на 4та позиција. 

Среќен сум со трката, но сум малку фрустриран. Првиот дел од трката бев многу конкурентен и се беше добро. Подоцна имаше црвено знаме и се се промени.

Бевме слаби на правците. Морав да се бранам од Ландо и Луис, но не успеав. Среќен сум со резултатот, но не сум задоволен со тоа што не сум на подиум – откри лекелр.

Карлос Саинз извозе одлично и дојде до петтата позиција. Тој имаше тешка трка со повеќе излетувања. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ