Леклер нема да биде понаметлив во стратегијата на Ферари

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, вели дека не планира да биде понаметлив кога станува збор за стратегијата на тимот за време на трките оваа година и покрај низата погрешни одлуки што ја уништија сезоната на тимот минатата година.

Одговорните на Ферари беа обвинети за голем број грешки минатата сезона што ја попречија нивната шанса во шампионат и му дозволија на Макс Верстапен од Ред Бул да отвори доминантно водство во поените. Холанѓанецот играше сè поголема улога во одлучувањето од неговиот кокпит, исто како што тоа го прави Луис Хамилтон во Мерцедес. Дури и Џорџ Расел се слушна како повикува на различна стратегија и споделува тактики од возачкото место.

Но, оваа недела, Леклер изјави дека тоа не е начинот на кој тој сака да ги врши работите и дека не планира наскоро да почне да ги критикува тимските стратези.

Во однос на тоа да бидам погласен штом ќе седнам во болидот и да ја земам повеќе во раце одлуката, мислам дека ова не е вистинскиот пат напред – рече тој.

Нема да освоиме светско првенство ако јас сам ги носам одлуките во болидот, вака не функционира. Луѓето не разбираат колку малку информации имаме во болидот за целата ситуација за време на трка – објасни тој.

Како што нема да му противречи на тимот за време на трката, тој исто така ќе се воздржува од јавно коментирање на тактиките на тимот по настаните, дури и кога работите ќе тргнат наопаку.

Нема да бидам погласен надвор од болидот бидејќи не ми е грижа што мислат луѓето. Навистина сум гласен внатре во тимот за тоа што го сакам и мислам дека ова е вистинскиот пристап.

Ова нема да го променам. Она што ми е грижа е да се чувствувам добро со себе, да правам апсолутно најдобро за тимот за да ги подобрам работите и тоа е мојот главен фокус. Силно верувам дека треба да бидеме подобри како тим И кога велам како тим, сите се вклучени.

Зборувајќи за стратегија, гледајќи ја стратегијата, кога ќе бидеме најдобри сите заедно, тогаш ќе го освоиме светското првенство. Во тоа сум убеден, па ќе го задржам овој пристап.

Иако победи на отворањето на минатогодишната сезона во Бахреин, овогодинешната трка заврши со разочарување кога неговиот Ферари СФ-23 доживеа дефект на погонската единица во 40от круг, принудувајќи го да се повлече од третото место на трката. Неговиот тимски колега Карлос Саинз го пропушти подиумот откако загуби драматична битка со Фернандо Алонсо од Астон Мартин во 45от круг.

Доминацијата на Верстапен и Серхио Перез минатата недела значи дека Ред Бул имаат максимални 43 бода од првата трка сезонава, со што се на 20 бодови пред Астон Мартин. Ферари заостануваат дури четири поени зад тимот на Мерцедес и покрај проблематичниот викенд за “сребрените стрели“. Тоа секако не е почеток што го сакаше раководството на Ферари бидејќи се обидува да направи вистински поход за титулата во 2023 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ