Леклер: Нема сомнеж дека Ред Бул ќе не победи

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, не е сигурен дека може да однесе победа на домашната трка во Монако овој викенд. 

По традиционалниот фудбалски натпревар во вторникот помеѓу возачите, тој ги намали шансите за победа во Монако. 

Бевме на пол позиција последните две години, но на трката не успевавме. веќе не сме во истата ситуација затоа што Болидот не е толку конкурентен.

Ќе видиме како ќе биде и ќе дадам се од себе. Искрено мислам дека Ред Бул се многу посилни на сите патеки и доколку сме совршени на ваква патека, возачот ја прави разликата.

Се надевам дека ќе бидеме во добра форма и ќе направиме нешто, но на трката Ред Бул ќе бидат напред. Тешко е да се престаса и саботата е најважна – очигледен е моначанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ