Леклер: Не очекувајте чуда од Ферари викендов

Шарл Леклер првично се сомневаше дека има проблем со неговиот СФ-23 откако се мачеше во споредба со Карлос Саинз во текот на викендот за ГН на Шпанија.

Леклер призна дека е загрижувачки што Ферари допрва треба да го реши проблемот со неговиот болид што го погоди за време на квалификациите за Големата Награда на Шпанија.

Се чинеше дека возачот од Монако страдаше од недостаток на грип во задниот дел. Тој се пласираше на 19то место на гридот и заврши надвор од бодовите на денот на трката на 11то место.

Леклер се сомневаше дека болидот можеби има проблем цел викенд, но сега потврди дека инспекцијата по трката не покажала ништо лошо со неговиот СФ-23.

Ова е првпат тоа да се случи во мојата кариера.

Ако ги погледнам сите леви свиоци, тоа е местото каде што се мачев и го кажав тоа веднаш по квалификациите.

Тогаш можевме да видиме според податоците дека губам шест и пол или седум десетинки во сите леви свиоци, но сè уште нема реални причини за тоа.

Ова е малку позагрижувачко и тука треба да притискаме и да се обидеме да ги разбереме причините, бидејќи чувството беше навистина, навистина лошо.

И покрај тоа што воведе низа нови промени на својот болид во Шпанија, Ферари не донесе никакви нови надградби во Канада.

Леклер не очекува чуда на патека која е озлогласено тешка за трошење на гумите, но смета дека тимот може да разбере многу од податоците што ќе ги собере.

На оваа патека немаме ништо ново, така што мислам дека нема да видиме чуда.

Но, треба само да се обидеме да разбереме повеќе како треба да го поставиме болидот за да го максимизираме нашиот пакет.

Во Шпанија бевме лесно надвор од оперативниот прозорец и потоа губиме доста перформанси. Научивме многу и јас сум прилично сигурен дека ќе бидеме на подобро место за овој викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ