Леклер: Пласманот покажува дека развојот е правилен

Шарл Леклер смета дека неговите перформнси и пласманот на Големата награда на Шпанија на која зафрши на 4то место, докажува дека развојот на Скудерија Ферари е во вистинска насока.

Моначанецот стартуваше од 4то место по вчерашните квалификации, но од надвроешниот дел на 3та кривина го мина Влтери Ботас и му го превзема 3то место кое го задржа до 29от круг. Иако Ботас беше недостижен за него во останатиот дел од трката, тој успеа зад себе да го задржи Серхио Перез.

имав добар старт и од надворешниот дел на 3та кривина го претекнав валтери ботас што се покажа како добар потег за нас. потоа имавме многу, многу добра трка, бевме конкурентни цело време и секако дека 4то место беше максимумот што можевме да го извлечеме денеска.

среќен сум и задоволен од тоа што тимот го сработи викендов, треба да сме среќни во вакви моменти и треба само повеќе да го подобриме болидот и да дојдеме до можност да се бориме за подиум – посака леклер.

Добрите издание пред се на Леклер, но и на неговиот колега Саинз, го донесоа ФЕрари на само 5 поени од Мекларен кои се лидери во средината на поредокот, но и го потврдија развојниот пат кој Шарл смета дека е правилен.

чувството е одлично затоа што значи дека се што работиме е во правилна насока во однос на развојот, тоа се гледа на патеката. таквата ситуација секогаш носи добро чувство за сите во маранело кои се задоволни со резултатите на патеката.

Оставајќи ја трката крај Барселона зад себе, Леклер е нормално нетрпелив за домашното Гранд При кое е следно во календарот.

монако е секогаш многу посебно и прва трка од сезоната каде ќе имаме 50% исполнети трибини и поради тоа сум нетрпелив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ