Леклер призна дека се обидел да стане веган

Шарл Леклер откри дека во текот на зимата се обидувал да стане веган откако Луис Хамилтон, шесткратниот Формула 1 првак, го популаризираше тој начин на живот со честите изјави на таа тема.

експериментот траеше шест недели и научив многу од тоа – откри шарл.

22-годишниот возач призна дека немал совршено искуство:

се обидов да јадам веганска храма, но не се чувствував совршено додека така се хранев. нутриционизмот е индицидуална работа – изјави леклер за германски RTL.

Тој заклучил дека со вообичаената исхрана се чувствувал подобро подготвен за почетокот на сезоната.

навистина многу тренирав и работев и сум најдобро подготвен во мојата каирера, а патем ослабев и четири килограми.

дефинитивно сум подобро подготвен годинава во однос на минатата и знам што да очекувам како дел од тимот на ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ