Леклер се чувствува позитивно

Најголем дел од возачите на гридот останаа фрустрирани од петочниет тренинг сесии, но не и Шарл Леклер, возачот на Ферари.

Моначанецот постави 5то време во првите 60 минути, сесија која имаше две црвени знамиња, додека на втората сесија имаше второ време комплетирајќи летечки круг пред да заврне. Тоа овозможи да се чувствува добро во врска со шансите викендов на патека на која тој победи пред една година.

чувството некако ми е подобро одошто на другите трки што морам да кажам дека е озитивно. веројатно мојата најдобра втора сесија во петок сезонава, но тоа не значи многу, но барем петок го завршуваме со добро расположение и позитивна мисла

имаме многу работа пред нас, мораме да направиме нов чеков во вистинската насока утре и да се надеваме дека ќе бидеме многу блиску до ред бул на квалификации.

истражувавме со различно сетирање денеска што беше интересно и мислам дека беше во вистинска насока. но, тоа не значи дека сме исто брзи како и нашите конкуренти кои имаат предност во моментов.

повторно ќе биде блиску и густо на квалификациите во сабота, додека во однос на тркачкиот ритам, невозењето долги серии направи да биде невозможно да се прдвиди. со оглед на тоа што вврнеше, никој не сакаше да вози со многу гориво и долги серии, така што тоа треба допрва да го учиме. со проблемите кои ги направивме денеска, искерно се надевам дека ќе се подобриме и на трка.

не смее да заборавиме дека многу се мачевме на последната трка и тешко да надоместиме таква негатива за толку кусо, но мораме да правиме чекор во вистинска насока. сеуште имаме многу работа и ако можеме да се вклуиме во борба, ќе дадеме се од себе – објасни лекелр.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ