Леклер уште во Баку знаел дека ќе има казна во Канада

Шарл Леклер многу рано, веднаш по трката низ улиците на Баку кога му откажа моторот, му било кажано дека ќе мора да отслужи казна на Канадското Гранд При.

Моначанецот имаше ветувачки викенд во Азербејџан иако загуби на стартот од Серхио Перез, но го мина преку боксот и додека беше во водство неговиот мотор му откажа. Брзо потоа му било каажно дека ќе добие нов агрегат во Канада и дека ќе мора да стартува од последниот ред.

многу брзо по трката во баку донесовме одлука и тој беше свесен за казната многу денови пред трката во канада, така што имаше време да го прифати сето тоа и да биде колку што е можно подобро подготвен за тркачкиот викенд.

се фокусираше на трката знаејќи дека ќе тргне од позадина на гридот. дури и неговата програма во петок и сабота беше фокусирана на серии со многу гориво за да се осигураме дека е колку што може подобро подготвен за трката – откри матиа биното.

Тимскипт шеф посочи дека трпението било клучно за Шарл затоа што почеток од последниот ред никогаш не е лесен, а не смеел да биде премногу агресивен за да не си ги уништи своите шанси за добар пласман.

самата трка бараше многу трпение што мислам дека го имавме. понекогаш сакаше да претекне, но не можеше затоа што беше во дрс воз или пак гумите му беа потрошени, но на крајот ја ограничивме штетата колку што можевме со почеток од последниот ред и финиш на 5то место што е добро.

сега имаме свежи мотори за следните трки, а имаме уште четири трки до ркајот на првиот дел од сезоната и летниот одмор и ќе биде клучно да напаѓа, да притиска и да донесе поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ