Леклер ја мерка “седмицата“ на Кими

Во отсуство на трки за коментирање, медиумите шпекулираат дека Шарл Леклер има намера да го промени својот број по кој е препознатлив во Формула 1, но сепак, тоа и не е изводливо.

Моначанецот се трка со бројот 16 откако влезе во Формула 1 во 2018 година со Заубер, а бројот 7 го користеше низ јуниорските серии каде беше активен. Седмицата во Формула 1 е сопствесност на Кими, но финецот се повлече од серијата на крајот на оваа година, така што таа бројка е слободна.

Но, правилата се такви што Шарл ќе мора да си го заджи бројот кој еднаш го одбрал до крајот на својата тркачка кариера во Формула 1, а единствен исклучок е да вози со бројот 1 доколку стане првак. Макс Верстапен веќе откри дека својата 33ка ќе ја замени со единица за следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ